Лана Дел Реј е лицето од насловната страница на најновото издание на списанието „Billboard“.
30-годишната музичка ѕвезда позираше за Џо Пуљезе.



Во интервјуто, Лана зборувала за својата анксиозност и паничните напади. „Понекогаш ми е тешко да продолжам напред кога знам дека ќе умреме. Нешто се случи во последниве три години со мојата паника... Се влоши. Се сретнав со терапевт три пати. Но, покомфорно се чувствувам кога седам во столица во студио и пишувам или пеам“ – рекла таа.


Веќе подолго време Лана е во врска со фотографот Франческо Кароцини. На прашањето за создавање на семејство таа одговорила: „Имам размислувано за тоа. Навистина размислував за тоа во последно време зашто неодамна наполнив 30 години. Би сакала да имам ќерки.“


Пред еден месец Лана го објави својот четврт студиски албум „Honeymoon“.
