Кристина Агилера се соблече за фотосесија за списанието „W“. Русокосата дива ги покри интимните делови со бела свилена ткаенина и црвени рози, откривајќи ги само облините на своето тело.
Но, оние кои ја следат кариерата на 30-годишната пејачка знаат дека изгледот на Кристина во последните неколку месеци е далеку поразличен од она што го прикажуваат уметничките фотографии. На почетокот на јуни Агилера покажа позаоблена фигура на еден од настаните поврзани со нејзиното ново музичко шоу „The Voice“, во кое таа е член на жирито.
Сепак, со помош на добро осветлување, Фотошоп и неколку други фотографски трикови, Агилера блесна во списанието за кое претходно се соблече топлес и Ким Кардашијан.
Но, освен што го разголи своето тело, за „W“ Кристина ја отвори и својата душа зборувајќи за разводот со Џордан Братмен.
„Во еден период или во друг, двајцата не бевме ангели. Но, дојде момент кога мојот живот дома наликуваше на моето детство. Нема да дозволам мојот син да расте во дом исполнет со тензија“ – изјавила таа во отвореното интервју.
Во моментов Кристина е во врска со Метју Ратлер. Нејзината музичка кариера е во криза по неуспехот на новиот албум, но пејачката со голем глас не се предава лесно. Наскоро се очекува таа да објави дует со Адам Ламберт.