„Добивам многу критики за тоа што не изгледам совршено на секоја фотографија. Јас не се срамам од тоа. Се гордеам со тоа“ – изјавила Кристен Стјуарт во интервју за списанието Vanity Fair.
Младата актерка со бунтовнички дух позираше во гламурозни креации од високата мода на различни локации во Париз. Фотографиите од фотосесијата во која учествуваше и Карл Лагерфелд се објавени во јулското издание на списанието.
„Ако секојпат правам совршени фотографии, луѓето кои седат во собата со мене или на црвениот тепих ќе си помислат: Каква актерка! Каква позерка! Таа помисла толку многу ме засрамува што изгледам ужасно на половина од моите фотографии и воопшто не ми е гајле. Важно ми е луѓето кои ја напуштаат собата да речат: Таа беше толку кул. Таа си помина убаво. Таа беше искрена. Не ми е грижа за гладните, ненаситни јадачи на г**на кои сакаат да ја претворат вистината во г***но. Не дека можеш да го кажеш тоа во Vanity Fair“ – објаснила таа.
22-годишната актерка признала дека не ја сакала отсекогаш модата и дека кога била мала носела машка облека. „Погледнете фотографија од мене пред да наполнам 15 години. Јас бев момче. Ги носев алиштата на брат ми. Не дека ми беше гајле толку многу, но се сеќавам дека ме исмејуваа затоа што не носев модерни фармерки. Воопшто не размислував за тоа. Ја носев облеката за вежбање. Но, не можам да кажам дека не ми беше гајле што ме исмејуваа. Навистина ми сметаше тоа. Се сеќавам на една девојка во шесто одделение, ме погледна на часот по физичко и ми рече: Ох, Господе! Тоа е одвратно – не си ги бричиш нозете!“ – изјавила Кристен.
Фотографиите се дело на познатиот Марио Тестино.
Погледнете го видеото од гламурозната фотосесија: