Криси Тиген го придружуваше својот сопруг Џон Леџенд на вечерата организирана од „The Weinstein Company“ по повод претстојните Оскари.
30-годишниот модел гордо го истакна своето трудничко стомаче со припиена креација со потпис на американскиот дизајнер Мајкл Корс.

Црвениот фустан со полунаметка таа го надополни со вечерна чантичка од италијанскиот бренд Rodo.





Криси и Џон ќе бидат меѓу ѕвездите кои вечерва ќе присуствуваат на престижната манифестација Оскар 2016.