Криси Тиген е честа гостинка на холивудските свечености. 30-годишниот модел беше дел од доделувањето на Американските музички награди кое синоќа ќе одржа во Лос Анџелес.
Славната сопруга на Џон Леџенд за манифестацијата избра доста ризична креација. На црвениот тепих таа зачекори во црн провокативен фустан со висок шлиц кој не трпи долна облека.












Црната креација е дело на дизајнерот Јусеф Акбар. Својот стилски избор, Тиген го надополни со сандали од DSquared2, чантичка од Monique Lhuillier и впечатлив накит.







Криси и Џон заедно имаат ќерка, која се роди во април оваа година.




