Можеби ги обожавате, можеби ги мразите, можеби сте рамнодушни... сепак, семејството Кардашијан веќе 10 години влече милионска публика пред телевизиските екрани и има заработено десетици милиони долари само од реалното шоу, а многу повеќе од договори со познати компании, како и продажба на козметички производи, облека, книги со селфија, книги за готвење, емотикони...
Да не беше домашното секс видео на Ким, веројатно само малкумина ќе го познаваа секој од „кланот Кардашијан-Џенер“ и тие ќе беа многу далеку од светска слава. Но, реалноста е дека нивните љубовни и семејни драми привлекуваат внимание низ целата планета. Моментално, наводната бременост на Кајли Џенер е најдискутирана тема поврзана со Кардашијан.
Од почетокот на реалното шоу, па досега, сите тие имаат доживеано поголема или помала трансформација во изгледот. Погледнете како изгледаа Ким, Кортни, Клои, Роб и Крис Кардашијан, но и Кендал, Кајли и Брус Џенер, како и Скот Дисик.



Во текот на една деценија, тие на ТВ прикажаа разводи/раскинувања, нови бракови/врски, раѓање на деца, промена на пол...
Споредете колку се промени семејството Кардашијан во 10 години.
Ким Кардашијан



Кортни Кардашијан



Клои Кардашијан



Кајли Џенер



Кендал Џенер


Крис Кардашијан


Брус Џенер

Роб Кардашијан

Скот Дисик
