Ким Кардашијан со фотографија ги згасна гласините дека нејзината бременост е лажна.
Ким, која е речиси шест месеци бремена, постојано е критикувана поради зголемената телесна тежина. Бројни се коментарите во кои Ким е нарекувана дебела и е споредувана со кит. Но, многу славни дами застануваат на нејзина страна и гласно коментираат дека е погрешно и неморално да се нарекува бремена жена дебела.
„Сметам дека жените треба да се поддржуваат една со друга, особено во текот на бременоста, тоа е тешко време и Ким Кардашијан изгледа апсолутно прекрасно“ – изјави Гвинет Палтроу.
„Одвратен и жален е начинот на којшто одредени медиуми константно ја малтретираат бремената Ким Кардашијан... Јавното малтретирање и напаѓање на бремена жена поради промената на нејзината форма е долно. Бремена жена не трeба да биде критикувана поради нејзината форма, точка“ – изјави Хелена Кристенсен.