Ким и Кортни Кардашијан присуствуваа на премиерата на филмот „The Promise“, која се одржа во Лос Анџелес.
Ѕвездите од реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“ на црвениот тепих позираа со мега-популарната пејачка Шер.
На прикажувањето на филмот, 36-годишната сопруга на Кание Вест ги истакна облините во тесен златен фустан од Версаче, кој го искомбинира со сандали од Маноло Бланик.
Шер на 70 години привлекуваше внимание со младешки стајлинг, додека Кортни избра црн костум од Сен Лоран.