Кание Вест несомнено е успешен во светот на музиката. Доказ за тоа се 18-те добиени Греми награди, што го прават еден од најнаградуваните музичари. Во последниве години Вест го покажа и својот талент за дизајнирање на облека, па стана редовен на Париската модна недела. Сега познатиот рапер се пробива и во филмската индустрија.

Вчера во Кан беше премиерата на неговиот краток уметнички филм „Cruel Summer“. Се разбира, веднаш до 34-годишниот музичар на црвениот тепих застана неговата нова љубов, Ким Кардашијан.


Филмот на Кание бил одлично прифатен од публиката и на крајот бил поздравен со силен аплауз.
Како што известуваат странските медиуми, Ким и Кание веќе неколку дека се во Кан и се неразделни.
