Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Кејт Хадсон гламурозна за „Harper’s Bazaar“

ФОТО: Кејт Хадсон гламурозна за „Harper’s Bazaar“

Кејт Хадсон е ѕвездата од модниот едиторијал на декемврискиот „Harper’s Bazaar“. 34-годишната актерка позираше во Малибу во гламурозни фустани од Том Форд, Фенди, Александар МекКвин и Живанши, како и во златен костим за капење од Роберто Кавали.

За фотографиите е заслужен Алекси Лубомирски.

Кејт Хадсон Кејт Хадсон

Во интервјуто за списанието, Хадсон открила дека најомилена креација од сите кои ги има носено на црвениот тепих ѝ е црно-златниот фустан од Александар МекКвин кој го носеше на „Златен глобус 2013“. Таа потенцирала и дека ѕвездите не ја купуваат дизајнерската облека која ја носат на свеченостите.

„Луѓето мислат дека ги поседуваме сите тие фустани, но ние ги позајмуваме. Не можам да си дозволам да ги купувам тие нешта. Има одредени работи на кои трошам повеќе, но тоа е многу ретко, особено кога имаш две деца и школарина“ – вели Хадсон и дополнува дека обожавала да купува во бутикот на Изабел Маран, но пред да стане славна.

Кејт Хадсон Кејт Хадсон Кејт Хадсон Кејт Хадсон Кејт Хадсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.