Кејт Хадсон ги одушеви модните критичари со најновиот стајлинг. 43-годишната актерка буквално блескаше на премиерата на „Glass Onion: A Knives Out Mystery“ во Лос Анџелес.
Нејзиниот моден избор вклучуваше раскошна креација со разголен грб од Ели Сааб. Својот изглед Кејт го комплетираше со елегантна фризура со пунџа.
Хадсон ја доби поддршката од мајка си Голди Хоун и вереникот Дени Фуџикава и заедно позираа на синиот тепих.
Погледнете го трејлерот за „Glass Onion: A Knives Out Mystery“, кој е продолжение на „Knives Out“.