Принцот Вилијам и неговата сопруга Кетрин, војвотката од Кембриџ, изгледаа префинето и гламурозно за време на нивното прво официјално јавно појавување како брачен пар на хуманитарна вечера во Лондон.
Среќните претставници на кралското семејство беа почесни гости на гала вечерата организирана по повод 10-годишнатата од постоењето на хуманитарната организација ARK (Absolute Return for Kids).
29-годишната Кејт носеше светло розова блескава тоалета со сложено преплетени мониста на дизајнерката Џени Пекам, а нејзиниот принц изгледаше повеќе од претставително во класичен црн смокинг.
За време на вечерата Вилијам го објави почетокот на 4-годишна соработка на хуманитарната организација што ја има заедно со принцот Хари и ARK.
На гламурозната вечера присуствуваа 900 гости, меѓу кои и Том Форд, Холи Валанс, Елизабет Харли и Колин Фирт. Билетот за едно лице чинел