Кејт Аптон го прифати предлогот за брак на Џастин Верландер, со кого беше во врска три години. 23-годишниот модел ја потврди среќната вест на балот МЕТ, кој синоќа се одржа во Њујорк.
На свеченоста, познатата Американка се појави во креација од Topshop, а од нејзината рака блескаше вереничкиот прстен.
„Многу сум возбудена што конечно можам да го споделам тоа со светот“ – изјавила Аптон на црвениот тепих и додала дека нема да брзаат со подготовките за свадбата и ќе уживаат во „вереничкиот период“.