Кети Пери го истакна својот сексапил за машкото списание „GQ“. Музичката ѕвезда позираше во долна облека и секси костим за капење за февруарското издание на списанието.
Во интервјуто, 29-годишната пејачка открила дека ја изгубила невиноста на 16 години, на предно седиште во автомобил и раскажала дека израснала во сиромашно и религиозно семејство.
„Парите отсекогаш биле најголем проблем во нашата куќа“ – изјавила таа.
На 11-годишна возраст Пери копнеела за поголеми гради и дури се помолила за побујно деколте. „Лежев на грб една ноќ, се погледнав кон стапалата и се помолив. Реков: Господе, те молам да имам толку големи цицки што да не можам да си ги видам стапалата додека лежам. Господ ги слушна моите молитви. Не знаев дека кога-тогаш тие ќе паднат во моите пазуви“ – раскажала таа.
Кога станува збор за пластичната хирургија, Пери тврди дека нејзиното тело е природно. „Никогаш не сум си направила пластична операција. Ниту на носот, ниту на брадата, ниту на образите, ниту на градите“ – рекла таа.