Кендис Сванапул ужива во бременоста. 27-годишниот модел и ангел на Victoria’s Secret беше фотографиран на прошетка во Њујорк во шарен бохо фустан од брендот Jen’s Pirate Booty. Својот изглед модерната трудница го надополни со кафеави чизми и чанта Chanel.
На фотографиите, Кендис грижливо го гали видливото трудничко стомаче.










Пред три дена, Сванапул беше фотографирана со својот свршеник Херман Николи во Њујорк.






Сванапул често споделува фотографии од своето стомаче на Instagram.
