Американското списание Harper’s Bazaar синоќа во Њујорк ја прослави 150-годишнината од своето постоење, а на забавата организирана од брендот за накит Tiffany & Co. присуствуваа бројни славни личности.
Кендал Џенер беше една од гостинките кои привлекуваа најголемо внимание на свечениот настан.
21-годишниот модел шармираше во црна креација со длабоко деколте од колекцијата есен 2017 на модниот бренд Redemption и обувки од Кристијан Лобутин.















На црниот тепих, Кендал позираше со мајка си Крис Џенер, додека со нив на забавата позираа и Кристи Бринкли и нејзината ќерка Сејлор, како и уредничката на Harper’s Bazaar, Гленда Бејли.



