Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Кендал Џенер ги разголи градите на ревијата на Марк Џејкобс

ФОТО: Кендал Џенер ги разголи градите на ревијата на Марк Џејкобс

На модните ревии редовно манекенките ги разголуваат своите тела. Не е новост и воопшто не е чудно да се видат разголени гради на пистите на модните недели. Но, кога тоа ќе го направи член на семејството Кардашијан, тогаш се крева гласна медиумска врева.

Кендал Џенер беше една од манекенките кои дефилираа на ревијата на Марк Џејкобс за време на Њујоршката недела на модата. Со перика на главата и многу шминка, 18-годишната ТВ ѕвезда изгледаше непрепознатливо, а проѕирната блуза која ја носеше ги откри нејзините гради, па го привлече вниманието на светските медиуми.

Кендал Џенер Кендал Џенер

Семејството на Кендал веднаш побрза да ѝ честита за тоа што успеа да биде дел од шоуто на Марк Џејкобс, но многумина не штедеа лоши зборови, коментирајќи го нејзиното прво претставување на ревија на славен дизајнер.

Веднаш по ревијата, „Вог“ објави дека Кендал позираше во најнови креации кои деновиве беа презентирани во Њујорк за нивниот проект #VogueInstaFashion.

Кендал Џенер Кендал Џенер Кендал Џенер Кендал Џенер Кендал Џенер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19040 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.