Германското издание на машкото списание „GQ“ ѝ ја додели на Кајли Миног титулата „Gentlewoman of the Year“. По тој повод беше направена и секси фотосесија со поп-ѕвездата.
45-годишната ѕвезда е гламурозна заводничка на фотографиите од Елен фон Унверт.
За време на фотосесијата беше снимен и краток филм во кој Миног изгледа како ретро убавица.