Катарина Ивановска е елегантна модерна дама на корицата на шпанското списание „Woman“.
Убавата манекенка заробува погледи облечена во сако во циклама боја, кадифено тегет здолниште и розови обувки.
На насловната страница на ноемвриското издание на списанието во преден план се ставени луксузните модни додатоци кои ги носи 24-годишната манекенка, особено чантичката со потпис на Армани.
