Каролина Гочева како вистинска ѕвезда заблеска синоќа во Битола. Македонската пејачка настапи на концертот „The Stars Symphony“ со Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect, кој се одржа на градскиот стадион „Петар Милошевски“.
Талентираната битолчанка беше среќна што повторно застана на сцената во својот роден град.
„Секогаш е огромно задоволство да се свири пред своите, во својот град. Се разбира вечерва првпат сме во овој амбиент. Многу ми е мило што сум тука со нашиот прекрасен Камерен оркестар, со Владе. Владе, фала за поканата“ – рече Гочева, заблагодарувајќи му се на диригентот Владимир Димовски.
Таа започна да ја забавува публиката со песната „Од нас зависи“, со која нè претставуваше на Евровизија во 2002 година.
Каролина ја продолжи музичката симфонија со хитови како „За нас“, „Се лажам себе“, „Хипокрит“, „Немир“, „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, „Ајде да летаме“ и „Умирам без тебе“.
„Македонското девојче“ изгледаше модерно во бела комбинација со панталони и краток топ.
Фото: Александар Василевски / Femina.mk