Ангус Т. Џонс растеше пред очите на гледачите на серијата „Two And A Half Men“. Популарниот актер, кој се прослави со улогата на Џејк Харпер, денес изгледа речиси непрепознатливо.
22-годишниот Американец беше фотографиран во Калифорнија, а фотографиите поттикнаа многу коментари.
Џонс пред неколку години беше најплатено дете-актер во шоу-бизнисот и заработуваше по 350.000 долари за секоја епизода од „Two And A Half Men“. Поттикнат од своите верски убедувања, пред три години тој јавно го критикуваше шоуто и изјави дека е „платен хипокрит“.