Ирина Шајк и Каја Гербер ја променија бојата на косата за таен моден проект.
30-годишната Русинка објави фотографија од новиот изглед со пораката: „Кој вели дека не можам да бидам русокоса?“

На втората фотографија, Шајк позира со Мерт Алас, моден фотограф кој очигледно стои зад новиот проект на славниот модел.



И ќерката на Синди Крафорд, која добива сè повеќе модни ангажмани, сподели на Instagram фотографија со руса коса.



На неодамнешната ревија на Balmain во Париз, Оливие Рустaн им ги промени боите на косата и на Кендал Џенер, Алесандра Амбросио, Џиџи Хадид и Роузи Хантингтон-Вајтли.







Дали и сега станува збор за проект на Balmain, останува да видиме.