Заводливи зелени очи, полни усни, бронзен тен и убиствено тело – оваа комбинација ја поставува Ирина Шајк меѓу најпосакуваните жени на светот.
26-годишната Русинка ги заведува машките читатели на списанието GQ Германија преку жешки фотографии кои го најавуваат доаѓањето на летото. Сексапилната девојка на Кристијано Роналдо позира во костими за капење, провокативна долна облека и храбар долг фустан со смел висок шлиц.
Ирина дефинитивно знае како да изгледа сензуално и кога е расоблечена, без крајниот резултат да содржи елементи на вулгарност.
Совршена, нели? Погледнете го видеото од снимањето на фотосесијата и ќе се уверите дека на Ирина не ѝ е потребен фотошоп за да импресионира.