Во сончевиот Кан, Бред Пит денес го промовираше својот најнов филм, „The Tree of Life“. Како и повеќето ѕвезди кои застанаа пред објективите на фоторепортерите, и Бред Пит се појави во светла комбинација.
Облечен во крем кежуал костум, бела маица и патики, 47-годишниот актер беше во придружба на неговата најнова „сопруга“ од филмскиот екран, Џесика Частеин.
Џесика, Бред и Шон Пен се ѕвездите во драмата „The Tree of Life“, со која култниот режисер Теренс Малик се враќа во филмската индустрија. Ова е петто остварување на Теренс во неговата 40-годишна кариера и прво на Канскиот филмски фестивал по филмот „The Thin Red Line“, прикажан во 1998 година.
Теренс Малик не се појави на денешното прикажување и прес-конференцијата, поради што доби негативни критики. Но, Бред го оправда неговото отсуство преку споредба на создавањето филм со градење на куќа и објасни дека од градителот не се очекува да биде продавач.Иако филмот добива мешани критики, многумина веќе го поврзуваат со наградите Оскар.
Во филмот, Бред влегува во улогата на грижлив татко кој ги сака своите синови, но понекогаш знае да биде брутално строг. Шон Пен го глуми најголемиот син на Бред и Џесика, којшто се присетува на луѓето и моментите кои го оформиле како личност.