Анџелина Џоли ја покажа својата поддршка кон долгогодишниот партнер Бред Пит кога вчера му се придружи на црвениот тепих на премиерата на драмата „The Tree of Life“.
Популарните актери не ги изневерија очекувањата на насобраните фанови и фоторепортери и додека гордо позираа на црвениот тепих на гламурозниот Кански филмски фестивал, сите очи беа вперени во нив.
35-годишната долгонога убавица беше облечена во елегантна црно-кафеава тоалета со висок шлиц од линијата Atelier Versace, а носеше чевли на Salvatore Ferragamo. Бред Пит за големата вечер избра исто толку елегантен смокинг на Tom Ford.
Заедно со нив на црвениот тепих се појавија и Шон Пен и Џесика Частеин, кои се дел од екипата која стои зад „The Tree of Life“.
Гвен Стефани, нејзиниот сопруг Гевин Росдејл, Џад Лоу и Зое Салдана исто така присуствуваа на свечениот настан.