Синоќа премиерно беше прикажан „Once Upon A Time In Hollywood“ на Канскиот филмски фестивал.
Квентин Тарантино беше дел од ѕвездите кои зачекорија на црвениот тепих. 56-годишниот режисер на филмот беше придружуван од 20 години помладата сопруга Даниела Пик.
На премиерата, 35-годишната Израелка шармираше во бел свилен фустан, а подоцна се пресоблече во црн фустан од Версаче.