Филмот „Tree of Life“ на режисерот Теренс Малик ја освои главната награда на 64. Кански филмски фестивал.
Драмата во која главните улоги ги имаат Бред Пит, Шон Пен и Џесика Частеин доби мешани критики, но на крајот сепак успеа да го освои жирито на чело со Роберт Де Ниро. „Tree of Life“ некои го нарекоа амбициозно дело на генијалец, а други го окарактеризираа како хаотично мислење за животот и духовноста.
Култниот режисер Теренс Малик не се појави на настанот за да ја прими наградата.
Втората награда, Гран Прито на францускиот фестивал, ја добија два филма – „The Kid with a Bike“ и „Once Upon a Time in Anatolia“.
Кирстен Данст беше прогласена за Најдобра актерка за нејзината улога во филмот „Melancholia“, а Жан Дижарден ја доби наградата за Најдобар актер за филмот „The Artist“.
Наградите беа доделени вчера, на последниот ден од Канскиот филмски фестивал.