Кит Харингтон забрзува женски срца и кога не е на големиот екран. 29-годишниот актер од „Game of Thrones“ привлекуваше погледи со тонираното тело на плажа во Рио де Жaнеиро.
Згодниот Англичанец, познат по улогата на Џон Сноу, беше фотографиран додека се релаксираше на песочните плажи во Бразил и се разладуваше со освежителен коктел.
Харингтон беше уловен од папараците и додека се фотографираше со свои обожаватели.