Ештон Кучер изгледа секси на фотографиите за машкото списание „Esquire“. Фотосесијата направена од Најџел Пери е инспирирана од стариот Холивуд.
Во интервјуто за списанието, 35-годишниот актер зборувал за неговите досегашни филмови, за пријателите и новиот филм со Стив Џобс.
За пријателите и неуспешните филмови: Точно знам кои филмови кои сум ги направил се за никаде. Знам бидејќи моите пријатели не се воздржуваат. Не зависат од мене поради пари или вработување. Тие ми се само пријатели. Пријателите ја кажуваат вистината.
За Стив Џобс: Џобс беше неверојатен човек, но во многу погледи и многу обичен маж. Имаше еден говор што го пронајдов, во кој тој вели: „...Сè околу тебе, што ти го нарекуваш живот, било направено од луѓе кои не се попаметни од тебе. И ти можеш да го промениш. Можеш да влијаеш на него. Можеш да изградиш твои нешта кои луѓето ќе ги користат“. Се сеќавам дека додека растев, гледав на светот велејќи си „ОК, како да живеам во ова?“, наместо да си велам „Како да го создадам?“, „Како да го изградам?“, „Како да направам нешто?“