Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ештон Кучер и Мила Кунис веќе не ја кријат својата љубов

ФОТО: Ештон Кучер и Мила Кунис веќе не ја кријат својата љубов

Мила Кунис во изминативе неколку месеци категорично одрекуваше дека е во врска со Ештон Кучер, иако гласините за нивната љубов стануваа сè посилни. Но, познатата актерка сега веќе не може да негира дека има нешто повеќе од пријателство помеѓу неа и Кучер.

На нови папарацо фотографии се гледа како Мила и Ештон се прегрнуваат и бакнуваат на забава во Лос Анџелес, организирана по повод завршувањето на снимањето на најновиот филм на Ештон, „Jobs“.

Мила и ЕштонМила и Ештон

И покрај тоа што биле опкружени со екипата на филмот кој е за животот на Стив Џобс, погледите на двајцата актери биле насочени само еден кон друг.

Мила и Ештон

Мила и Ештон се познаваат долги години, а заедно снимија и осум сезони од хит серијата „That '70s Show“. По разделбата на Ештон и Деми Мур, веднаш се појавија гласини дека Мила е новата љубов на Кучер.

Мила и Ештон Мила и Ештон

Во април, 28-годишната ѕвезда од „Black Swan“ негираше љубовна поврзаност со Ештон. „Тоа е апсурдно... Пријателот е пријател“ – изјавила таа. Папараците неколку пати ги фотографираа во ресторани, но пред неколку недели Мила за „Elle“ изјави дека е не е во врска.

Мила и Ештон

Според анонимни извори, Мила и Ештон се во врска, но засега и двајцата не го сметаат тоа за нешто сериозно.

Интересен факт: Првиот бакнеж на Мила Кунис бил со Ештон Кучер и тоа пред камера за „That '70s Show“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19108 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.