Ен Хетавеј излезе на прошетка со своето новородено синче 20 дена по породувањето. Познатата актерка беше фотографирана со сопругот Адам Шулман и малиот Џонатан Роузбенкс во Лос Анџелес.
На фотографиите, Ен грижливо го држи в раце своето малечко чедо.


Од фотографиите може да се забележи дека Хетавеј е на добар пат да си ја врати слабата фигура по породувањето.

Џонатан е првото дете на 33-годишната оскаровка и 35-годишниот актер, кои се во брак од 2012 година.

