Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Емилија Кларк за „Glamour Paris“ и „Flare“

ФОТО: Емилија Кларк за „Glamour Paris“ и „Flare“

Емилија Кларк, која неодамна беше прогласена за најпосакувана жена за 2014 година, ги краси кориците на „Glamour Paris“ и „Flare“.

26-годишната ѕвезда од серијата „Game of Thrones“ за француското списание позираше пред објективот на модниот фотограф Џејсон Ким во креации на брендови како Баленсијага и Џамбатиста Вали.

Емилија Кларк Емилија Кларк Емилија Кларк Емилија Кларк Емилија Кларк

На насловната страница на модното списание „Flare“, привлечната актерка носи пастелно розова креација од Burberry Prorsum.

Емилија Кларк

Во интервјуто за списанието, Кларк зборувала за изгледот на ѕвездите на фотографиите од црвениот тепих. „Нема опис на фотографиите од црвениот тепих кој вели: Оваа девојка тренираше две седмици, беше на течна диета, има професионален фризер и шминкер и овој фустан беше направен за неа“ – рекла таа.

Емилија Кларк

Во слободното време, кога не е зафатена со снимањето на серијата „Game of Thrones“, Кларк вели дека обожава да чита. „Кога не сум на снимање, читам. Мојот татко секогаш велеше: никогаш не му верувај на човек чиј телевизор е поголем од неговата полица за книги“ – изјавила таа во интервју за „In Style“.

Емилија Кларк

Првата епизода од четвртата сезона на „Game of Thrones“ ќе биде емитувана на 4 април.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19040 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.