Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ема Вотсон во вестерн стил за „Elle“

ФОТО: Ема Вотсон во вестерн стил за „Elle“

Ема Вотсон е ѕвездата од априлското издание на „Elle“. 23-годишната актерка позираше за фотографот Картер Смит во облека инспирирана од вестерн стилот.

За едиторијалот, Вотсон носи креации од модни куќи како Версаче, Мајкл Корс, Антони Вакарело, Родарте и Шанел.

Ема Вотсон Ема Вотсон Ема Вотсон

Ема во изминатиов период интензивно го промовираше својот најнов филм „Noah“, во режија на Дарен Аронофски. За филмот, кој веќе се прикажува во кино салите ширум светот, Ема коментирала: „Шекспировски е она што му се случува на тоа семејство кога е ставено во затворен простор 40 дена и 40 ноќи. Крај на светот е – како тие различни човечки суштества се справуваат со тоа. Дали луѓето се добри? Дали сме лоши? Сите тие теми се епски.“

Ема Вотсон Ема Вотсон

Во интервјуто за списанието волшебничката од филмовите за Хари Потер признала дека многу важно ѝ било да има свој живот подалеку од сцената. „Се сеќавам дека читав нешто што го напишала Елизабет Тејлор. Таа првиот бакнеж го доживеала додека глумела, на снимање на филм. Тоа навистина ме погоди. Не знам како и зошто, но имав чувство дека ако не сум внимателна, тоа може да ми се случи и мене. Дека мојот прв бакнеж може да ми се случи додека сум во туѓа облека и дека моите искуства може да му припаѓаат на некој друг“ – објаснила таа.

Ема Вотсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19041 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.