Спектакуларната свадба на Лана Ел Сахели и нејзиниот избраник Али Авада со право е нарекувана „свадба на годината“. Либанскиот пар заплива во брачните води минатата година, а фотографиите од свадбената прослава ќе ве остават со подзината уста.
Хипнотизирачки фустан од неповторливиот Ели Сааб, грандиозна сала, илјадници цветови, 1.000 гости, панорамски тркала, софистицирани сувенири за присутните, огромна торта која беше пресечена со сабја... вака изгледа свадбена прослава кога не е важно колкавата е финалната сметка.
Ели Сааб искористил 100 метра тул и голем број на бисери во различни големини за венчаницата да изгледа зашеметувачки убаво. И мајката и сестрата на невестата за свеченоста избрале креации од ателјето на Сааб.
Лана ја планирала свадбата шест месеци, а за неа се инспирирала од модните шоуа на своите омилени брендови – Луј Витон, Шанел, Долче и Габана и Диор.