Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ева Лонгорија и Викторија Бекам во црни фустани од ателјето на Бекам

ФОТО: Ева Лонгорија и Викторија Бекам во црни фустани од ателјето на Бекам

Ева Лонгорија и Викторија Бекам присуствуваа на хуманитарна гала на „Global Gift Foundation“, непрофитна организација фокусирана на олеснување на животот на деца, жени и семејства.

Добрите пријателки на црвениот тепих зачекорија во слични црни фустани од ателјето на Викторија Бекам.

Global Gift Gala Global Gift Gala Global Gift Gala Global Gift Gala Global Gift Gala Global Gift Gala

Со славните дами позираше и Рики Мартин. 42-годишниот пејач и Лонгорија беа домаќини на свеченоста, додека Викторија ја прими наградата „Philanthropreneur“.

Global Gift Gala Global Gift Gala Global Gift Gala

Шармантната ѕвезда од серијата „Desperate Housewives“, која подолго време има блиска соработка со „Global Gift Foundation“, неодамна објасни дека нејзината сестра ја мотивирала да се занимава со хуманитарна дејност. „Израснав со сестра со специјални потреби. Таа е прекрасна личност и светлина во животите на сите во моето семејство“ – рекла Лонгорија.

Меѓу гостите на хуманитарниот настан, кој се одржа во хотелот „Four Seasons“ во Лондон, беше и Никол Шерцингер.

Global Gift Gala Global Gift Gala

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19721 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.