Ева Лонгорија и Викторија Бекам присуствуваа на хуманитарна гала на „Global Gift Foundation“, непрофитна организација фокусирана на олеснување на животот на деца, жени и семејства. На свеченоста во Лондон, двете славни пријателки мамеа погледи во креации од ателјето на Бекам.
Лонгорија носеше долг фустан во тегет боја со длабоко деколте, а Бекам сосем очекувано избра своја минималистичка црна креација.
40-годишната актерка и повторно влезе во улогата на домаќинка на хуманитарната гала. Лонгорија изјавила дека нејзината сестра со посебни потреби ја мотивирала да започне со хуманитарните активности. „Мојата постара сестра е со посебни потреби и кога гледаш нешто такво, во прва рака, стануваш несебичен. Волонтерство е еден од првите зборови кои ги научив и тој е дел од мојата ДНК. Ние имавме големи бенефиции од општествените програми на црквите. Тоа го промени животот на моето семејство, па јас чувствувам огромна одговорност да се оддолжам“ – вели ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“.