Дејвид Бекам ја одигра својата прва филмска улога во „King Arthur: Legend of the Sword“.
На европската премиера на филмот во Лондон, 42-годишниот поранешен фудбалер ја доби поддршката од својот најстар син Бруклин. Дуото татко-син заедно позираше на црвениот тепих пред фоторепортерите.











Дејвид подоцна позираше и со својот шармантен колега од филмот Чарли Ханам.




Вчера Бекам објави видео со сцени од филмот и неговата трансформација зад сцената, но беше критикуван од фановите за актерските способности.
И Викторија Бекам го сподели истото видео на својот профил на Instagram за да покаже колку се гордее со својот сопруг.