Мис Вашингтон стана новата Мис САД. Од вкупно 52 убавици кои учествуваа во натпреварот, Дешана Барбер ја освои посакуваната титула и ја доби честа да ги претставува Соединетите Американски Држави на натпреварот за убавина Мис Универзум.
26-годишната натпреварувачка беше крунисана од минатогодишната победничка Оливија Џордан.
Како офицер во армијата на САД, Дешана одушеви со силна изјава за учеството на жените во војна. „Како жена во армијата на САД, сметам дека ние сме исто толку силни колку и мажите. Како командант на мојата единица, јас сум моќна и посветена. Полот не нè ограничува нас во САД“ – изјави Бербер, која е првото воено лице кое има победено на големиот натпревар за убавина.
Мис Хаваи беше избрана за прва придружничка, додека титулата втора придружничка ја доби Мис Џорџија.
Во петте финалистки влегоа и Мис Алабама и Мис Калифорнија.