Дауцен Крус го продолжува својот летен семеен одмор. Згодната манекенка со сопругот Санери Џејмс, синот Филен и ќерката Милена ужива во убавините на Ибица.
Славната Холанѓанка повеќепати беше фотографирана на јахта и на плажа на шпанскиот остров. Исто така, 31-годишниот модел и 37-годишниот диџеј споделија фотографии од одморот на Instagram.























