Принцот Хари во последниве неколку дена лудо се забавува во Лас Вегас, не пропуштајќи ги најжешките забави покрај базените со стотици девојки во бикини.
Но, очигледно забавите зад затворени врати на принцот се уште полуди. TMZ објави фотографии од една приватна забава на Хари, на која тој е целосно гол со уште една девојка.
Според порталот, принцот Хари и негови пријатели поканиле неколку девојки во неговиот VIP апартман каде играле билјард со стриптиз.
Претставник на кралското семејство за TMZ изјавил: „Немаме коментар за фотографиите во овој момент“.
Кралицата сигурно не е среќна поради голиот „инцидент“.