Младото британско кралско семејство е на осумдневна турнеја низ Канада. Принцот Вилијам, војвотката Кетрин и нивните две мали деца вчера пристигнаа во Викторија, Британска Колумбија.
Облечена во сина креација од Џени Пекам и шапка од брендот Locke and Co, Кетрин ја носеше во рацете принцезата Шарлот. Вилијам го држеше за рака малиот принц Џорџ.








Семејството беше пречекано од канадскиот премиер Џастин Трудо и неговата сопруга Софи, како и гувернерот Дејвид Џонсон и неговата сопруга Шерон.

















Денес, славниот пар беше во официјална посета на Ванкувер. За таа пригода, Кетрин избра фустан од модната куќа Alexander McQueen и црвени обувки и чантичка.







