Војвотката Кетрин блесна на државен банкет во Бакингемската палата во чест на кинескиот претседател Си Ѓинпинг.
33-годишната сопруга на принцот Вилијам седеше на главната маса, веднаш до Ѓинпинг и кралицата Елизабета.
Црвената креација доаѓа од ателјето на Џени Пекам. Во кралски стил, Кетрин носеше и сјајна тијара. Станува збор за дијамантската тијара наречена „Lotus Flower Tiara“.
Повеќе од 170 гости присуствуваа на свечената вечера. Претседателот Си Ѓинпинг и неговата сопруга се во четиридневна официјална посета на Велика Британија.