За време на официјалната посета на Канада, британскиот кралски пар присуствуваше на свечен прием на политичките и граѓанските лидери во Британска Колумбија.
Војвотката Кетрин заробуваше погледи во црвена креација од Preen, украсена со дијамантски брош во форма на јаворов лист. Својот стајлинг, таа го надополни со обувки од Џанвито Роси.
Пред почетокот на свеченоста, Кетрин и принцот Вилијам се сретнале со 25 лица со идејата „да се залечат раните од конфликтот помеѓу староседелците и владата“.