Војвотката Кетрин синоќа ја посети Националната портретна галерија во Лондон и повторно го привлече вниманието на светската јавност.
За свечениот настан, сопругата на принцот Вилијам избра елегантен фустан од својата омилена дизајнерка Џени Пекам. Кралскиот изглед на Кетрин беше комплетиран со дијамантски накит кој ѝ припаѓа на кралицата Елизабета.
Кетрин, која е покровителка на уметничката галерија, одржала и краток говор во кој им се заблагодарила на присутните за поддршката.
Кетрин и малиот принц Џорџ неодамна се вратија во Велика Британија по нивниот одмор на карипскиот остров Мистик.