Големиот дом на мултиталентираното семејство на Вил Смит е прикажан во септемвриското издание на реномираното списание Architectural Digest. Засега се објавени само неколку фотографии од големиот имот.
На една од фотографиите Вил Смит позира заедно со неговата сопруга Џејда Смит и трите деца – Треј, Џејден и Вилоу, а на другите може да се види надворешноста на огромната куќа и прекрасно уредениот двор.
За Вил и Џејда најважно било нивниот дом да зрачи со интимност. Џудит Ленс, која го дизајнирала ентериерот, изјавила дека сè што е во куќата требало да изгледа како да е изработено рачно, но во исто време да биде рафинирано и софистицирано.
Имотот се простира на површина од 2323 метри квадратни и освен куќа со 6 спални, вклучува и езеро и терени за тенис и кошарка.
Популарното семејство се вселило во домот во 2004 година, по завршувањето на процесот на градење кој траел 7 години.