Џесика Алба секогаш изгледа беспрекорно – независно дали се забавува во паркот со своите ќерки, оди на работа во својата компанија „The Honest Company“ или чекори на црвениот тепих.
Шармантната актерка ги отвори вратите на својот дом и својот организиран плакар за „The Coveteur“.
„Кога ја започнав кариерата како актерка, мислам дека ја избирав облеката врз основа на тоа што сметав дека треба да носам... за да ги задоволам туѓите очекувања. Сега, не сум роб на трендовите или на модните несигурности. Се облекувам за себе, носејќи го она што ме инспирира и се вклопува во мојот стил на живот“ – рекла Алба и изјавила дека ги обожава обувките и никогаш не би можела да избере еден омилен пар.
Еве и неколку фотографии од плакарот на малата Хонор.