Роузи Хантингтон-Вајтли не коментира дали се вистинити гласините дека наскоро ќе застане пред олтар со Џејсон Стејтам, но затоа пак го отвори својот плакар полн со брендирана облека и модни додатоци.
26-годишната манекенка, која имаше блиска соработка со Victoria’s Secret, а пред неколку години доби главна улога во филмот „Transformers: Dark of the Moon“, ја покажа својата педантно подредена гардероба за „The Coveteur“.
Долгоногата убавица раскажала дека за првпат си купила дизајнерски производ кога имала 17 години, и тоа чанта од брендот Chloé. Фотографиите се доказ дека нејзината колекција оттогаш значително е збогатена.
Роузи веќе две години дизајнира долна облека за „Marks&Spencer“, па во нејзиниот плакар може да се видат и неколку нејзини креации.