Очигледно „Gossip Girl“ ќе заврши со свадбено, и тоа со нетрадиционални невестински фустани. Само еден ден откако беше објавено дека Блер (Лејтон Мистер) ќе се омажи за Чак (Ед Вествик), медиумите стигнаа до фотографии од снимањето на популарната серија кои откриваат дека најверојатно пред олтар ќе застанат и Серена (Блејк Лајвли) и Ден (Пен Баџли).
А како и секогаш, специјалните настани во „Gossip Girl“ бараат и посебна облека. На свадбата Блер ќе носи син фустан од колекцијата висока мода од Elie Saab, додека Серена ќе носи златен фустан од колекцијата висока мода од Georges Chakra.
Блејк и Пен, кои неколку години беа во врска и во реалниот живот, биле фотографирани додека снимале сцени за последните епизоди на „Gossip Girl“.
25-годишната убава русокоса неодамна беше невеста и во реалноста. Таа стапи во брак со Рајан Рејнолдс минатиот месец.