Викторија Бекам и малата ќерка имаа „женски ден“ во Беверли Хилс. Славната дизајнерка ја почести Харпер со маникир и педикир.
На фотографиите, 4-годишното девојче носи фустан во нежна ментол нијанса од Карл Лагерфелд. Слатката Харпер лежи додека две од вработените во салонот се фокусирани на изгледот на нејзините нокти.




Пред да посетат салон за разубавување, Викторија и Харпер беа фотографирани додека си заминуваа од сала за вежбање.



Само еден ден претходно, Викторија и Дејвид престојуваа во Малибу. Папараците ги „уловија“ додека се упатуваа кон нивниот автомобил по ручекот во популарниот ресторан „Nobu“.










