Викторија Бекам креираше маица на која има цртеж од нејзината мала ќерка Харпер за да собере средства за борба против ХИВ/СИДА и да ја подигне свеста за овој вирус и болеста која е негов краен стадиум.
Маиците, кои ги има во големини за деца и возрасни, се создадени по повод Светскиот ден за борба против СИДА, кој се одбележува на 1 декември, а собраните средства ќе бидат донирани на организациите UNAIDS и Born Free Africa.
Истиот цртеж на Харпер, Дејвид Бекам го има искористено како инспирација за тетоважа на својата дланка.
Поранешната членка на групата „Spice Girls“ често споделува фотографии од цртежите на Харпер.
Викторија е амбасадор на добрата волја на UNAIDS. На почетокот на октомври оваа година, таа ја посети Африка заедно со синот Бруклин Бекам за да го сврти светското внимание кон сиромаштијата и борбата со ХИВ/СИДА во Кенија.